Проектот „Течно Дрво“ има за цел инсталација на иновативни фотобиореактори базирани на микроалги (познати како „Течни дрва“) во избрани основни и средни училишта. Овие системи функционираат како моќни био-прочистувачи, користејќи ја фотосинтезата на алгите за ефикасна апсорпција на јаглерод диоксид и други загадувачи од училишните дворови.
Покрај директното еколошко влијание, системот служи како едукативна платформа за промовирање на биотехнологијата и еколошката свест кај младите. Жители на урбаните центри каде ќе биде поставен системот – тие ќе имаат директна корист од подобрување на квалитетот на воздухот и урбаната средина.
Посетители на јавните простори со поставен систем – ќе можат да видат и учествуваат во демонстративните активности, што го зголемува нивното знаење и еколошка свест.
Млади и ученици – преку едукативните активности и работилници, тие добиваат практично знаење и искуство со иновативни зелени технологии.
Локални институции и организации – ќе имаат корист преку пристап до демонстративен модел и методологија за репликација, што ја олеснува имплементацијата на идни зелени проекти.
Во суштина, крајните корисници се сите групи кои ќе ја почувствуваат директно или индиректно еколошката, едукативната и општествената придобивка од акцијата.
Решението за борба против загадувањето на воздухот и зголемување на нашата благосостојба на „природен начин“
